Нишикори триумфираше на турнирот во Вашингтон

Од:

Јапонецот Кеи Нишикори триумфираше на турнирот во Вашингтон откако во финалето синоќа го победи Американецот Џон Изнер со 2:1 во сетови (4:6; 6:4 и 6:4). Ова за него беше 10.та турнирска победа, додека Изнер и во третото финале на овој турнир не успеа да победи. Нишикори со овој триумф се искачи на четвртото место на АТП листата и успеа да го мине Стан Вавринка.

На женскиот дел од турнирот Американката Слоун Стивенс во финалето ја надигра Русинката Анастасија Пављученкова и оствари победа од 6:1 и 6:2 во сетови. Ова за Стивенс беше прва титула во кариерата.

На женскиот турнир во Стенфорд во финалето Германката Анжелика Кербер ја совлада Каролина Плишкова од Чешка со 2:1 во сетови (6:3; 5:7 и 6:4) и ја освои својата четврта титула во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров