Јотовски го подобри својот ранг

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успеа да го подобри својот пласман на АТП листата (промена се врши во понеделник) и сега се наоѓа на 559 место со 58 поени. Јотовски има скок од 22 места пред се како резултат на финалето на фјучрсот минатата недела во Тунис.

Во следниот период до средината на септември тој нема обврска да „брани“ поени што значи дека секој добар резултат ќе му носи нови поени. Тоа може да биде шанса да го надмине својот најдобар ранг 510 место.

Од другите македонски тенисери Димитар Грабул е на 894 место, Бесир Дургути е рангиран на 1.241 место, Стефан Мицов е 1.385-ти, Шендрит Деари се наоѓа на 1.490 место, а Бојан Јанкуловски е 1.553-ти.

Според најавите Јотовски оваа недела е пријавен за настап на уште еден фјучрс турнир во Тунис.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров