Македонија ја совлада Украина со 30 поени разлика

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација постигна нова победа на пријателскиот турнир во Охрид, овој пат совладана беше селекцијата на Украина со 81:51.

Со овие две победи, денешната и таа вчера против Израел, Македонија го освои првото место на подготвителниот турнир во Охрид.

Украинците каков таков отпор дадоа само во првата четвртина каде што Македонија водеше 22-15, а веќе на стартот од вториот период предноста се искачи над 10 поени, а на полувреме се отиде со резултат 37-22.

Во третата четвртина разликата меѓу двете селекции се искачи над 20 поени така што последната четвртина беше рутинска за кошаркарите, а селекторот Србиновски имаше можност да испроба неколку тактички варијанти. Тоа не се одрази врз резултатот, па Македонија во вториот меч ја забележа и втората убедлива победа, овојпат со 30 поени разлика.

Марко Симоновски и Војдан Стојановски со по 15 поени беа најефикасни на мечот.
Кошаркарите по успешниот настап на турнирот во Охрид се враќаат во Скопје, каде што во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во вторник повторно ќе играат против селекцијата на Израел.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос