Пехарот од Евробаскетот 2015 претставен во Охрид

Од:

Македонските љубители на кошарката имаа можност во живо да го видат пехарот којшто ќе биде доделен на победникот на Евробаскет 2015 г. Тој денеска беше претставен во Охрид, како дел од „TROPHY TOUR” турнејата. Пехарот претставува мало ремек дело, изработено од злато и сребро во комбинација со 24 скапоцени камења.

– Македонија е дел од ова ЕП и со радост ја прифативме идејата барем на еден ден во нашата држава да го имаме трофејот за кого ќе се борат селекциите на претстојниот европски шампионат. Заслужено сме дел од европскиот крем, се надевам дека еден ден и нашите репрезентативци ќе го кренат овој прекрасен пехар – изјави претседателот на МКФ, Петар Наумоски, на денешната прес-конференција во Охрид.

„TROPHY TOUR“ – турнејата на ФИБА започна на 19 мај во Рига (Латвија) и откако ќе пропатува низ сите земји-учеснички на ЕУРО БАСКЕТ 2015, ќе заврши на 30 август во Келн (Германија). Во Македонија трофејот пристигна од Варшава (Полска), а потоа ќе го испратиме кон Антверпен (Белгија).
Трофејот тежи 18 килограми, висок е 23 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос