По повод верскиот празник „Света преподобна маченичка Параскева-Света Петка“ денеска во храмот „Свети великомаченик Димитрија” ќе се одржи света божествена литургија.
Пред новоизградениот храм, пак, посветен на маченичката Параскева, водосвет ќе одржи митрополитот Повардарски Агатангел.
Најавено е присуство на верници, меѓу кои и на претставници на најголемиот донатор ФЕНИ Индустри, Општина Кавадарци и други.
– Новоизградениот храм има големо религиозно и културно значење и на верниците ќе им биде место за одржување на религиозните обреди и зачувување на религиозните традиции, соопшти Фени индустри.