Идната недела ќе има спектакуларен дожд од метеори

Од:

Идната недела во ноќта помеѓу среда и четврток не очекува феноменот што се случува еднаш во годината-дождот од метеори-Персеид, за кој се најавива дека оваа година ќе биде спектакуларен.
Овој „вселенски огномет“ ќе биде видлив од секоја точка на земјината топка, а се очекува на небото да прелетуваат т и по сто “ѕвезди“ на час.

Дополнително феноменот ќе биде и многу забележлив поради тоа што месечината ќе биде во својата најтемна фаза и нема да го попречува набљудувањето.

-Тоа ќе биде вистински спектакл, изјави астрномот Морган Холис од британското астрономско здружение.
-Ќе бидеме во можност да видиме повеќе отколку досега, рече тој.

Метеорскиот дожд кој редовно се појавува на небото помеѓу 23 јули и 20 август потекнува од опашката на кометата Свифт-Татл која поминува круг околу сончевиот систем за 130 години, оставајќи зад себе облак од метеориди.
Додека Земјата кружи околу Сонцето, овие “зрна“ продираат во атмосферата со брзина од околу 60 километри во секунда и согоруваат во неа. Персеидите се познати и како “Солзите на Свети Лоренцо“, бидејќи паѓаат во времето кога се одбележува денот на овој ирски католички светец.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Спектакуларна глетка на небото за викендов: Ќе биде неверојатно

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска