Најмалку 20 загинати при напад врз Полициската академија во Кабул

Од:

Најмалку 20 полициски кадети загинаа, а десетици други се ранети денеска кога бомбаш-самоубиец се разнесе пред зградата на Полициската академија во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти Министерството за внатрешни работи на Авганистан.

Според полициски извори, како што јави ДПА, бомбашот-самоубиец бил облечен во полициска униформа и застанал во редот со полициските кадети, кои чекале да влезат во Академијата по враќањето од распуст.

Полициската академија се наоѓа во западниот дел на Кабул, во близина на еден унверзитетски кампус.

Претходно денеска, 15 лица загинаа, а над 200 беа ранети при експлозија на автомобил-бомба пред зградата на авганистанското Министерство за одбрана во Кабул.

Одговорност за овој напад презедоа талибанските бунтовници.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан