Со измерена највисока температура од 39,3 степени Целзиусови во околината на Прага, денеска беше најтоплиот ден во годината во Чешка.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, топлотни рекорди биле измерени на 135 од 140 мерни станици, каде според метеоролозите температурата се движела од 34 до 38 степени Целзиусови.
Сувото и топло време според прогнозите ќе се задржи уште најмалку две недели. Доколку се исполни прогнозата, летово би било најтопло и најсушно од кога се мери топлината на воздухот во Чешка.
Минатата година најтопол ден во Чешка беше 22 јули, кога во дел од Прага беа измерени 39,2 степени Целзиусови.