ВМРО-ДПМНЕ: Каде се парите од ваше време кога не се градеше ништо?

Од:

СДСМ треба да одговори каде се парите кои се трошеа во нивно време, а не се градеше ништо, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по критиките од СДСМ за ангажирањето приватна фирма за обезбедување на спомениците од проектот „Скопје 2014′.

„Проектите кои ги реализира ВМРО-ДПМНЕ се видливи и мерливи. Тоа што се гради не е во функција на неколкумина, туку за општо добро на граѓаните. Се градат споменици, но се инвестира и во инфраструктура, магистрални и регионални патишта, образование, здравство, информатичко општество”, велат од владејачката партија.

„Бидејќи на СДСМ не му е јасно, ние ќе посочиме каде се трошат парите во време на ВМРО-ДПМНЕ. Тие кога станува збор за градот Скопје се инвестираат: на изградба и реконструкција на булевари како што се Св. Климент Охридски, Првомајска, Илинденска, Теодосиј Гологанов, Србија, Партизански одреди, Кузман Јосифовски Питу, Крсте Мисирков, пробивањето на булеварот Македонска Војска, обнова на коловозите на улиците Козле, Крушопек и на дел од улицата Радишанска, кракот од Јужноморавски бригади, Пелагонија, Волковска, повеќе улици во населбата Усје, патиштата за Хиподром и за Инџиково, изградба на нов мост на реката Вардар во Сарај, реконструкцијата на мостовите „Гоце Делчев” „Мостот на револуцијата”, изградба на националната арена Филип 2, спортскиот центар Борис Трајковски, изградба на новите катни гаражи на улицата Даме Груев, на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, новите паркиралишта пред Зоолошката градина, под Транспортниот центар, на улицата Васко Карангелевски, реконструкција на зградите на 12 средни училишта во Скопје, набавка на нови автобуси за градскиот превоз, изградба на жичарницата до Водно, Се инвестираат пари и на долга редица на други проекти и зафати низ целата држава, во секое поле. Затоа СДСМ треба да одговори каде одеа овие пари во нивно време, кога не се градеше ништо?”, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД