Средби на Ципрас со Оланд и Медведев

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд и грќкиот премиер Алексис Ципрас сметаат дека новиот спасувачки пакет за Грција може и треба да биде договорен наскоро по 15 август, пренесува БТА.

– Целта на преговорите за спасувачката програма е да завршат до крајот на август. Знаеме дека е тешко, но сакаме да гарантираме дека условите ќе бидат почитувани. Засега сметам дека ситуацијата е добра и разговорите одат во вистински правец, истакна синоќа Оланд по средбата со Ципрас во Египет, каде присуствуваа на церемонијата на отворање на проширениот Суецки канал.

Претставниците на кредиторите на Грција (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) се во Атина во обид да изготват финансиски план за Грција преку заем од над 80 милијарди евра за три години. Договорот треба да биде постигнат до 20 август, кога Грција на ЕЦБ треба да исплати 3,4 милијарди евра.

Ципрас имаше средба и со рускиот колега Дмитриј Медведев, кои се однесуваа на економската и енергетската соработка меѓу двете земји. Тие се договориле да ги интензивираат контактите меѓу двете земји на техничко ниво со оглед на свикувањето мешана грчко-руска меѓувладина комисија во ноември. Тие се договорија министрите за енергетика да ги засилат контактите во следните месеци и ја потврдија волјата за реализација на досега договорените планови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство