Невладината Цивил и Џабир Дерала ќе ги информираат сите меѓународни организации и ќе ги преземат сите законски мерки за да се одбранат од невистините што ги изнесува телевизијата Сител и особено за сумата пари со кои се наводно финансирани од Фондацијата Отворено општество Македонија.
– Ова е еден бескупулозен атак со цел да се исфрли од политичкиот процес, Цивил како дискредитирана организација која се работи на надминување на политичката криза и на подобрување на човековите права и слободи. Овој атак е насочен врз нашата организација со цел ние да бидеме исклучени од набљудувачкиот процес во изборите во април идната година и секако за да се замачкаат сите криминали кои се случуваат секојдневно во Македонија а чии носители се токму стопаните на овие новинарки и новинари кои работата во медиумите кои се контролирани од власта, рече Дерала.
Тој презентираше дел од проектите и донаторите во периодот од 4 години, од 2011 до 2014 година, меѓу нив се Швајцарската агенција за развој и соработка, американскиот балкански фонд за Балкан, ОБСЕ, УСАИД, амбасадата на Кралство Холандија, амбасада на Германија, амбасада на САД и други.
– Фондацијата Отворено општество Македонија за овие четири години се појавува два пати како донатор на проекти, со вкупна сума од 10 909 евра. Што се однесува на сите останати средства тие се добиени од овие донатори и се наменети за проекти кои ги спороведуваме за да се откријат изборните измами, за да се откријат становите кои не постојат, гласачите кои не постојат, операцијата Пустец, демографската интервенција, секојдневното кршење на човековите права и слободи и достоинството на граѓаните, по сите можни основи, токму од институциите кои ги киднапираа партиите на власт и сега стопанисуваат рече Дерала.
Доколку Дерала самиот, кој бил навредуван и дискретитиран од Сител и на етничка основа и организацијата Цивил не добијат извинување за, како што велат, бескруполозениот атак, невистиниѕе и етикетирањата, соодветно на она што го направиле од Сител, во вчерашниот дневник, тие ќе бараат сатисфакција на суд.
А.Б.