Меѓународен кошаркарски турнир во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид

Од:

Охрид наредиот период ќе биде домаќин на повеќе спортски настани, поточно неколку кошаркарски манифестации од меѓународен карактер.

Месецот на кошарката во почнува утре со подготвителниот репрезентативно-сениорски турнир, на кој покрај националната екипа на Македонија уште учествуваат сениорските репрезентации на Израел и на Украина.

Натпреварите на турнирот ќе се играат во вечерните часови со почеток од 20:15 часот и тоа утре натпреварот Македонија – Израел, задутре Израел – Украина и в недела Македонија против Украина. Натпреварите ќе се играат во Спортската арена „Билјанини Извори“, а влезот за еден натпревар изнесува  100 денари.

Месецот на кошарката покрај кошаркарскиот турнир предвидува уште два настани, манифестации насочени кон промоција и афирмација на кошарката како врвен спорт, но и на Охрид и Република Македонија како домаќини на спортски манифестации.

Првиот настан е поврзан со промотивните активности на Полска како држава-домаќин на престојното сениорско Европско првенство во кошарка, додека вториот настан е одржувањето на Европското првенство за кадетки во кошарка – Б дивизија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос