Пронајдено телото на 61-годишниот овчар од Лисец

Од:

Пронајдено е безживотното тело на 61-годишниот маж кој се водеше како исчезнат во поплавите во Тетовско, потврди вечерва СВР Тетово.

– Околу 20 часот во близина на наплатнатат рампа Тетово – Гостивар, на излезот од Тетово, десно во ливадите во месноста наречена Бродиште, група луѓе кои собирале пари, предмети и старо железо пронашле безживотно машко тело по што ги известиле надлежните служби, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Полицијата веднаш го обезбедила просторот бидејќи се претпоставува дека станува збор за еден од исчезнатите во големата поплава што во понедленикот го зафати тетовскиот регион.

Биле повикани членови од семествјото кое потврдило дека станува збор за Р.Ј. (61) од Лисец. Непосредно пред невремето 61-годишниот жител на Лисец заедно со стадо овци заминал во планината над Голема Речица.

Известен е јавен обвинител и вечерва заедно со екипа на СВР Тетово ќе се изврши увид.

Со пронаоѓање на телото на Р.Ј. бројот на загинати во невремето во Тетовско се искачи на пет. Се уште се трага по шестгодишно девојче од Шипковица кое се води како исчезнато.

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар