Поднесен обвинителен акт за сообраќајната несреќа кај „Зебра“

Од:

Скопското јавно обвинителство ја заврши истрагата за сообраќајната несреќа во која минатиот месец животот го загуби Сузана Тодоровска-Павловска, новинар во Македонското радио, и до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

„По завршената истрага, Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст. 2 вв чл.297 ст. 1 од Кривичниот законик.

Според наодите добиени од спроведените дејствија, обвинетиот во состојба на пијанство под дејство на алкохол (1,52 промили во крвта и 2,42 промили во урина) и наркотични средства – канабис го управувал своето возило „опел корса“ со брзина од 83 км/час при што загубил контрола и удрил во сега починатата.

Во исто време со обвинителниот акт, Основното јавно обвинителство – Скопје стави и посебен Предлог за продолжување на мерката – Притвор“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор