Заев: Членството во НАТО и ЕУ немаат алтернатива

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со делгација предводена од Јоханес Корнелис ван Бален, европратеник и почесен Претседател на Либералната интернационала во Лондон.

IMG_6034

На средбата, претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ група), којашто е дел од Европскиот парламент, изразија силна поддршка на процесот којшто го започна опозицијата во Македонија за нормализација на државните институции. Процес којшто треба да доведе до спроведување на фер и демократски избори во април, 2016 година и враќање на демократските и европските вредности во земјава.

Поддршката од социјалистите и социјалдемократите во Европскиот парламент за опозицијата предводена од СДСМ постојано се зголемува, сега со поддршка и од групата на либерали и демократи.

IMG_6053

Улогата на Европската унија и европските институции во разрешувањето на политичката криза во Република Македонија заеднички беше позитивно оценета. Во таа насока, се договори понатамошен ангажман на Европскиот парламент во однос на имплементација на договорот од 2-ри јуни/15-ти јули.

Претседателот Зоран Заев се заблагодари на силната поддршка и порача дека СДСМ и опозицијата ќе продолжат со искрен пристап и принципиелни заложби за да се постигнат решенија по критичните области посочени во Извештајот на Прибе, меѓу коишто се судството, медиумите и департизација на институциите.

IMG_6056

„За СДСМ и опозицијата, членството во НАТО и ЕУ немаат алтернатива. Иднината на Република Македонија е во градењето вистинско граѓанско демократско општество и заеднички, со граѓаните, ќе изградиме такво општество по изборите во април, наредната година.“ рече Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он