Санација на три објекти од стара градска архитектура во Битола

Од:

Три објекти од крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век кои се наоѓаат во старото јадро на Битола ќе бидат санирани до крајот на годинава, во рамки на проектот на Министерството за култура за обнова и конзервација на фасади од стара градска архитектура во градовите низ Македонија.

Санациско-реставраторските зафати ќе бидат извршени на фасадите на Безистенот – значаен споменик на културата од османлискиот период, гимназијата „Јосип Броз Тито“ и Музичкото училиште во Битола. Надлежна установа е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола.

– Финализацијата на проектите, преку кои ќе биде зачувана автентичноста на спомениците на културата и на споменичните целини од богатото архитектонско наследство на нашата држава, треба да биде до крајот на 2015 година, а во тек се административните процедури за одобрување на проектите и тендерските постапки за избор на најповолни изведувачи на работите на трите објекти, информира Министерството за култура.

Во Битола во изминатиот период беше реставрирана и внатрешната фасада на објектот во кој е сместен Заводот за заштита на спомениците.

Би можело да ве интересира

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола