ДЗС: Се расчистуваат блокираните патишта од невремето во Тетовско

Од:

Како последица од обилните врнежи во Тетовскиот регион по повлекувањето на водата останаа наноси од кал и делови откорнати дрва на локалните патни правци. Моментно, информира денеска Дирекцијата за заштита и спасување, се работи на расчистување на сообраќајниците за да се обезбеди непречено движење.

Патниот правец кон село Шипковица е пробиен и во тек се активности за негово проширување.

Механизација ангажирана од Дирекцијата работи на расчистување на локалниот патен правец помеѓу селата Селце и Вејце, Тетово – Јажинце, се работи на пробивање на магистралниот пат меѓу Порој, Џепчиште и Доброште, а се чисти и коритото на Поројска река. Во Тетово, во долниот крај на Диво Насеље, се расчистуваат подвозниците, ангажирана е една машина од ДЗС и механизација од ЈП Водовод и Канализација Скопје.

Преку Дирекцијата за заштита и спасување вкупно се ангажирани 15 багери и 29 камиони, а ќе бидат испорачани и 1.000 вреќи за песок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите