Министерот Иво Ивановски ќе поднесе оставка до септември

Од:

Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, ќе поднесе оставка и од септември ќе биде на одговорна позиција во приватна меѓународна компанија.

Во изјава за МТВ, Ивановски рече дека и на таа позиција ќе има можност да работи во интерес на Македонија.

Иво Ивановски е министер за информатичко општество од 2008. година кога за првпат овој ресор беше формиран како дел од кабинетот на премиерот. Неколку години подоцна на овој ресор му беше додаден и ресорот администрација.

Oд Владата засега не соопштуваат кој ќе го наследи Ивановски на функцијата министер за информатичко општество.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата