Делумно нормализирано водоснабдувањето во Куманово

Од:

Водоснабдувањето во Куманово денеска делумно е нормализирано. Надлежните од ЈП „Водовод“ информираа дека недостигаат уште 50 литри вода во секунда за нормално водоснабдување во градот.

-Последниве денови преку „бај-пас“ добивме 58 литри вода. Но,од овој цевковод треба да добиеме вкупно 110 литри вода во секунда, неопходно за нормало водоснабдување во летните месеци. Поради недостигот одредени делови од градот, особено во попладневните часови, кога луѓето се враќаат од работа и кога почнуваат со секојдневните активности се соочуваат со намален дотур на вода, изјави директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски.

Намалениот дотур на вода се забележува во попладневните часови, во делови од високите зони од градот и централното градско подрачје.

Надлежните од водостопанство „Кумановско-Липковско поле„ негираат какво било затварање на вентили и неиспорачување на вода.

Директорот на Водостопанство Филип Филиповски денеска изјави дека претпријатието испорачува колични на вода по сите цевководи, согласно можностите со кои располага водостопанство и согласно системот, за кој рече дека не е во завидна состојба. Филиповски потенцираше дека нема доволно средства за оддржување, оти „Водовод“ не им ги плаќа фактурите.

-Во овој период мора да се има предвид дека се горештини, но и дека земјоделците користат вода за наводнување, истакна Филиповски.

Кумановци се соочуваат со намален дотур на вода од 28 јули годинава. Ова е втор пат летово, како се соочуваат со недостиг на вода, а трет пат од почетокот на годинава.

Би можело да ве интересира

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Експертски тим ќе утврдува од што почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми

А1он

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени се пиротехнички средства

А1он