Србија без Марјановиќ на Европското првенство во кошарка

Од:

Новиот кошаркар на екипата од НБА лигата Сан Антонио, Бобан Марјановиќ нема да биде дел од репрезентацијата на Србија на претстојното Европско првенство што ќе се игра во Хрватска, Германија, Летонија и Франција.

Ова го објави Кошаркарскиот сојуз на Србија, откако новиот клуб Сан Антонио му забранил да настапува, бидејќи на местото на повреденото стопало има уште оток.

До проблем околу настапот на Марјановиќ „дојде“ откако помошниот тренер на Црвена Ѕвезда Велибор Радовиќ пред неколку дена изјави дека за време на финалето од шампионатот на Србија Марјановиќ играл со скршено стапало.

Марјановиќ изминатава сезона беше најдобар играч во редовите на Црвена Ѕвезда и беше прогласен за МВП (најкорисен играч) на лигашкиот дел од Евролигата. Европското првенство ќе се игра од 5 до 20 септември, а Србија е во групата Б (ќе се игра во Берлин) заедно со селекциите на: Германија, Шпанија, Италија, Исланд и Турција.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос