ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Ако сакаат СДСМ да помогнат, да ги остават тие кои секогаш се грижат за доброто на народот 

Од:

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп реагираше на прес конференцијата на СДСМ ОО Прилеп.

„Жално е што опозицијата за политички цели ги користат и елементарните непогоди. Тоа ја покажува нивната безидејност.

За разлика од предлогот на опозицијата да се формира партиски кризен штаб каде ќе има вклучено претставници на партиите, ние бевме на мислење дека Општинскиот Штаб за заштита и спасување во Локалната самоуправа на Општина Прилеп треба да биде формиран од професионални луѓе кои имаат повеќегодишно искуство и се надлежни за соодветната област за која што ќе бидат одговорни. Со други зборови, нема да дозволиме партизација на институциите како што тoa го правел СДСМ за време на своето владеење и тоа да се одрази на работата на кризниот штаб, а од што најмногу штета ќе имаат граѓаните.

Уште еднаш информираме дека општината, со помош на јавните претпријатија и останати надлежни институции, сама се справи со целокупната ситуација, ситуацијата е ставена под контрола и надлежните реагираа благовремено на терен уште за време на врнежите. До доцните часови на вчерашниот ден беше реагирано на сите пријави од граѓаните. ЈКП Комуналец веке е на терен и врши чистење на јавните површини.

Очигледно треба да Ви се објасни дека Општинскиот Штаб за заштита и спасување во Локалната самоуправа на Општина Прилеп не може да спречи поројни дождови, ниту истото може да го спречи Вашиот градоначалник во Струмица Заев, туку неговата улога е благовремено да реагира за да се намалат штетите од елементарните непогоди и да се санираат секаде каде што ќе се појават.

За таа цел, согласно законските можности, а секогаш во пресрет на граѓаните, формирана е Комисијата за проценка на штети која веќе е излезена на терен и постапува по барањата кои утрово беа поднесени во приемното одделение на Општина Прилеп, а се однесува на штети кои беа предизвикани од вчерашните обилни врнежи кои го зафатија Прилеп.

Ја замолуваме СДСМ, ако веќе не сакаат да бидат конструктивни и да помогнат во ситуации кога општината и граѓаните се зафатени од непогоди, кои се надвор од моќта на луѓето, тогаш да остават тоа да го направат тие кои од секогаш се грижат за доброто на народот и државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија