Македонскиот претставник во ФИБА Еврокупот, вицепрвакот Куманово, ќе игра во Ј-групата заедно со екипите Турк Телеком (Турција), Роса Радом (Полска) и КТП Баскет (Финска).
Пласман во следната фаза обезбедуваат двете првопласирани екипи.
Македонскиот вицешампион во првото коло, на 28 октомври, ќе гостува во Анкара кај фаворитот во групата Турк Телеком Анкара.
Првиот домашен меч е закажан за 4. ноември, кога во Куманово ќе допатува финскиот претставник КТП Баскет.
Седум дена подоцна кумановци заминуваат во Полска на гости кај Роса Радом.
Од 18 ноември до 2 декември се реваншите.