ВИДЕО: Директорите во Прилеп уверуваат дека се е под контрола, СДСМ прашува каде се милионите евра за пречистителна станица

Од:

Надлежните од Прилеп, денеска, уверуваат дека последиците од вчерашната поплава се санираат. Според Ѓоко Јочкоски од ЈКП Водовод, вчера во Прилеп изврнале 40 литри на метар квадратен, во рок од 30-40 минути, што предизвикало проблеми со одводот.

Тој информира дека била завршена првата фаза од реконструкцијата на фекалната канализациона мрежа, односно направени биле првите 23 километри, а останувале уште 44 километри.

– Мора да кажам дека фекалната канализација има многу малку врска со дождовната канализација и со одведувањето на дождовните води. Интензитетот на дождот, во текот на вчерашниот ден, беше огромен. Екипите на Водовод и канализација постапија професионално, рече Јочкоски.

Според Никола Димески, претседател на Кризниот штаб, вчера во Прилеп поплавени биле улици, канализацијата и дворови. Надлежните во Прилеп уверуваат дека водата е повлечена во канализационата мрежа и нема простор за паника, се чистеле поголемите наноси во местата Дрисла 1 и Дрисла 2. Граѓаните можат да поднесат барања за проценка на штетите во Општина Прилеп

СДСМ од Прилеп, пак побара одговори од градоначалникот Марјан Ристески и од ВМРО ДПМНЕ, како се потрошиле неколку милиони евра за изградба на нова канализациска мрежа од проектот за пречистителна станица во Прилеп.

– Проектот пречистителна станица во Прилеп беше дел и од аферата со бројните фирми во куќата на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Граѓаните знаат дека и фирмите на изведувачот и надзорот беа сместени во куќата на Јанакиески и дека за градежните активности беше ангажирана фирма на негови роднини, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ

Уапсен е службеник во Агенција за вработување – барал мито од прилепчанец за да не му ја укинат социјалната помош

А1он

Голем дефект на водоводна цевка ја поплави прилепската противпожарна единица