Министерството за одбрана на Јемен денеска соопшти дека армијата ја зазела воената база Ал Анад, кој од март беше под контрола на шиитските бунтовници Хуси.
Базата Ал Анад се наоѓа во јужниот дел на Јемен.
Во соопштението од МО се посочува дека операцијата ја потврдува волјата на вооружените сили, лојални на претседателот Абд РАбо Мансур Хади, за воспоставување на легимитет на цела територија на Јемен.