Најмоќниот тајфун во тохоокеанскиот појас годинава, Соуделор, им се приближува на Филипините, а во некои делови од земјата веќе донесе поројни дождови, пренесе ТАСС.
Од националната управа за атмосферски, геофизички и асторономски услуги доцна синоќа информираа дека епицентарот на тајфунот се наоѓал на околу 2.000 километри од островот Лусон, каде се сместени филипинската престолнина Манила и густо населениот град Кесон.
Според синоптичарите, брзината на ветрот достигнува до 210 километри на час. Тие, меѓутоа, сметаат дека главниот дел од стихијата ќе ги одмине Филипините и на крајот од неделата ќе стигне до брегот на континентална Кина и Тајван.
Соуделор е осмиот тајфун што годинава беше формиран во западниот дел на Тихиот Океан.