Почна снимање на народни приказни од Тиквешијата

Од:

Во кавадаречкото село Мрежичко е снимена првата епизода од серијалот Тиквешки народни приказни, насловена „Умната мома“, информираа денеска актерот Диме Коцевски и Тони Коцев, директор на фотографија и извршен продуцент.

– Иако веќе долги години сме дел од снимањето на македонските народни приказни, сепак, овој проект ни носи посебна возбуда, но и чуство на одговорност, пред се затоа што работиме на нешто кое ни е толку блиску, толку наше. Овој проект го подготвувавме подолго време, баравме приказни, ги адаптиравме сценаријата, трагавме по локации низ речиси сите села ширум Тиквешијата, за да можеме во целост да ја донесиме и доловиме автентичноста на приказните, рече Коцевски кој освен како косценарист и режисер е дел и од актерскиот состав кој ќе ги донесе тиквешките народни приказни на екраните.

Покрај Коцевски, во приказната „Умната мома“ учествуваат и актерите од аматерскиот театар при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци:

Милица Гочевска, Никола Колев, Видан Станоев и Симона Богева.

Првична цел на екипата е да создадат серијал од неколку приказни од тиквешкиот регион.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза