Охридскиот градоначалник скока во море, во Хрватска, во екот на туристичката сезона во Охрид.
И тоа е вест, снимана не со една, туку со две камери, како за акционен филм.
Еден кадар од горе, друг под вода, и тоа секако „случајно снимано“.
Оваа е уште една вест во низата како таа за „Бакрачевски, вистинска модна икона“, за човекот кој минатата година ги обвини новинарите дека правеле антикампања за Охрид, на сметка на странските држави, а сега скока и се снима по хрватскиот брег во екот на туристичката сезона.
Во тектсот за Бакрачевски на порталот Ohrid1 се вели дека е како 30 годишник кој многу спортувал, па и скокал дури со „шорц за плажа“. (Видеото беше отстрането неколку часа подоцна од страна на порталот Охрид1)
„Охридскиот градоначалник е често присутен во медиумите со своите спортски активности, од играње фудбал, кошарка, ракомет, а сега имаме прилика да го видиме и како прави акробации во воздух и вода и тоа во шорц за на плажа“, пишува во тесктот на порталот ohrid1.com.
Од Бакрачевски не се очекува да покажува како скока или се дотерува, туку да го среди градот и да ги исполни своите ветувања.
Бакрачевски минатата година остана запаметен по неговата критика кон новинарите дека промовираат туризам во странство на штета на Охрид:
-Зарем по секој цена треба да го поттикуваме туризмот во другите држави на штета на градот Охрид? и обвини за финансиски интереси со туристички агенции за промоција на земјите од соседствто на штета на градот.
Охрид конечно во овој период има успешна туристичка сезона, кога за време на илинденските празници се наполни градот.
Претходно Охрид од почетокот на туристичката сезона беше полупразен. И додека градоначалникот се бања и скока во Хрватска, Охрид плива во ѓубре.