А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Охрид полн со туристи за празничниот викенд

by А1он03/08/2015 - 12:0403/08/2015 - 13:07153
Share0

Продолжениот празничен викенд, летните горештини го наполнија Охрид и ривиерата со гости. Веќе традиција стана Охрид шпицот на туристичката сезона да го достигнува токму за празникот Илинден, така што градот и туристичките населби повторно наликуваат на најдобрите времиња кога во градот се бараше легло повеќе.

Следете a1on на Instagram Instagram

Плажите на езерото вријат со туристи, чаршијата во градот е тесна да ги прими сите посетители, а слично е и во Стариот дел на Охрид каде има голем број туристи кои групно или индивидуално ги посетуваат културно-историските споменици.

Зголемената фраквенција на возила во овој временски период направи метеж во сообраќајот, тесните градски и приградски улици и патишта тешко го примаат тој огромен наплив на возила така што кон и од плажите се вози бавно и во колони. Во текот на вчерашниот ден до Охрид од поодалачените места на крајбрежјето патувањето во поладневните часови траеше и повеќе од два часа.

Иако политичките случувања во земјата на почетокот на сезоната предизивика стравувања кај угостителите и хотелиерите во Охрид за тоа колку истата ќе биде успешна со оглед на почетните откажувања на одреден број аранжмани, сепак од Локалната самоурава со очекувања за успешна сезона.

Следете a1on на Youtube YouTube

Градоначалникот Никола Бакрачески дури и со најави дека оваа ќе биде една, ако не и најуспешна последниве години.

– Можам да кажам дека Охрид веројатно ја доживува најуспешната летна сезона споредено со минатите десеттина години и овој тренд сметам ќе биде во нагорна линија, бројот на гости ќе расте, што е и прогноза на нашите стручни служби и тур операторите. Посебно радува што времето, за разлика од минатите години, е одлично и тоа е еден од факторите што овозможи да имаме една од најуспешните сезони. Во моментов доминира бројот на странски гости од Турција, Белгија, Холандија, Србија, Бугарија, Полска и од други држави, а викендов има голем број и домашни гости, изјави тој.

Бројот на гости се очекува да се зголемува и во наредниот период, кога со бројни манифестации ќе биде дополнително збогатена туристичката понуда во градот.

ohrid

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

Горан Наумовски02/05/2026 - 12:50

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски27/04/2026 - 06:4327/04/2026 - 06:52

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он28/03/2026 - 11:3928/03/2026 - 16:36

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто