На Охридското Езеро денеска стартуваше 46-та Илинденска едриличарска регата, во организација на Едриличарскиот клуб „Бофор”, Агенцијата за млади и спорт и Едриличарската федрација на Македонија. Регатата се вози на потегот Горица 1 – Канео.
Станува збор за државно првенство каде силите ќе си ги одмерат екипите на Охрид, Струга и Скопје. Тие ќе се натпреваруваат во класите оптимист, ласер 4,7 и вин сурф, едрење на даска.
Учесниците на тридневниот едрличарски куп ќе се натпреваруваат во сите предвидени класи за овој спорт, а најдобите ќе бидат наградени со „Златна маска”.
Илинденската едриличарска регата е една од најмасовните спортски манифестации во Македонија.