Победа на Македонија за 21. место на Европското првенство Б дивизија за јуниори

Од:

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација (до 18 години) го освои 21. место на Европското првенство Б дивизија што се игра во Австрија.

Во дуелот за пласман денеска Македонија ја победи Република Ирска со 84:70 (23:17; 21:24, 23:13, 17:16). Со оваа победа нашите јуниори им се реваншираа на своите врсници од Република Ирска за поразот од групната фаза.

Денешниот натпревар Македонија го доби благодарение на третиот период кој го доби со десет поени разлика. Најефикасен на натпреварот беше Андреј Маслинко со 29 поени, а имаше и 7 скокови.

На девет натпревари на шампионатот нашата репрезентација постигна три победи против Шкотска, Албанија и Република Ирска сите во вториот дел од натпреварувањето.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос