Седумдесет тенисери од 14 земји од утре на турнир во Кавадарци

Од:

Седумдесет тенисери од Израел, Кипар, Англија, Норвешка, Русија, Украина, Австралија, Филипини, Франција, Словенија, Хрватска, Србија, Грција и Македонија ќе бидат дел од тенискиот турнир за јуниори и јуниорки до 16 години „Црна Река Опен“, кој од утре до 9 август ќе се игра на тениските терени на тенискиот клуб „Црна Река“ од Кавадарци. Ова денеска го истакна директорот на турнирот Лазе Мицев.

Според официјалната програма на овој исклучително силен турнир, кој е дел од календарот на Tenis Europe, свеченото отворање е закажано за утре во 19 часот, а се очекува да се обратат Мицев и претставникот на Tenis Europe. Антонио Радојничкиќ.

– На турнирот боите на Македонија ќе ги бранат вкупно 15 тенисери, меѓу кои се и кавадарчанките Теодора Мицева и Микаела Чејкова, рече Мицев.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров