Лекари без граници: Блокадата врз Јемен зема исто толку жртви колку и војната

Од:

Блокадата воведена во Јемен од арапската коалиција зема толку цивилни жртви колу и војната, изјави Џоан Лиу, претседателка на Лекари без граници.

– Бидејќи попречува помошта да стигне до населението кое страда во војната во Јемен, блокадата убива исто така како и вооружениот конфликт, изјави таа.

Лиу додаде дека хуманитарната состојба во Јемен невладини организации ја оквалификуваа како катастрофална, четири месеци по воената кампања што арапска коалиција, предодена од Саудиска Арабија ја води против шиитски бунтовници Хути.

По четиримесечни гранатирања, ОН ја повика Саудиска Арабија да ја укине морската блокада до јеменски пристаништа. Јемен увезува 90 отсто од гориво и прехранбени продукти, а по однос на лекарства и фармацевтски продукти – целосно.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа