ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ изигрува лажен душегрижник

Од:

СДСМ изигрува лажен душегрижник за законски измени од кои нема штета по корисниците на хонорари, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на опозициската партија и се довада дека со овој закон во изминатиот период се овозможуваше социјална сиугурност, здравствено и пензиско осигурување на голема група лица кои работат за хонорар.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со двата проекти кои во меѓувреме ги спроведе, „Македонија вработува“ со кој беа ангажирани над 4.000 лица кои во период од една до пет години се ослободени од плаќањето на придонеси и вториот со кој се изврши трансформација на работниот однос на голем број лица во рамки на јавниот сектор, речиси во целост го реши проблемот на лицата што порано беа ангажирани со договор на дело и авторски договори. Оттука со овие два проекта беше апсолвирано прашањето на придонесите на лицата кои примаа хонорар, стои во реакцијата.

Од владејачката партија наведуваат дека СДСМ воопшто не се грижела за стандардот и правата на работниците, а како пример за тоа ги наведуваат „криминалната приватизација“ и носењето на штетни закони со кои континуирано се рушеле работничките права и стандардот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела