Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер објави дека нема да настапи на следниот АТП турнир – „Роџерс купот“ што годинава ќе се игра во Монтреал, Канада.
Почетокот на Мастерсот е на 10 август.
Вториот светски рекет не ја кажа причината за откажување на учеството на престижниот турнир.
Исто така е објавено дека Федерер пред годинашниот УС Опен ќе игра само уште на АТП Мастерс турнирот во Синсинати.