Судот ја одби жалбата на Apple, со која Samsung е ослободен од обвинението дека го копирал дизајнот на таблетот од својот ривал. На сето ова Apple мора и јавно да се извини.
Одлуката на Апелациониот суд во Велика Британија би можела малку да го смири судирот на овие две компании, кои се одвива во судниците ширум светот, со оглед дека одлуката важи на целата територија на Европа.
„И понатаму веруваме дека Apple не е првата компанија која го смисли таблетот со правоаголен облик и заоблени агли“, соопштија од Samsung.
Apple не ја коментираше одлуката.