Ученици од Струмица и Муртино, дел од интеркултурна комуникација и соработка

Од:

„Со нови знаења и искуства, деновиве од Троген – Швајцарија се вратија учениците и наставниците од Општинските основни училишта „Маршал Тито“ од Струмица и „Маршал Тито“ од Муртино, кои претстојуваа во Детското село „Песталоци“, во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“.

Овој проект се реализира во партнерска соработка на Македонскиот центар за граѓанско образование и Општина Струмица, а е финансиран од страна Детската фондација „Песталоци“.

Според информацијата од координаторот на проектот Зоран Узунов, интеркултурната размена била реализирана со ученици од Краљево, Ужице и Врање – Србија, а наставниците од двете земји споделиле искуства и стекнале знаења за нови методи и техники на работа со учениците.

Новите искуства на учениците во поглед на идентитетот, антидискриминацијата, различностите, разбирањето и соработката помеѓу претставници на различни етникуми, се нешта кои ќе имаат свои бенефити во заедницата.

Таквите искуства со кои се стекнале учениците, должни се до крајот на септември да им го пренесат и на останатите нивни соученици Општина Струмица по втор пат го финансира овој значаен проект кој има за цел да ја афирмира и унапреди мултиетничката соработка во училиштата и општината“, се вели во соопштението на Општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски