Левичарските бунтовници убија три и ранија 13 војници на Филипините

Од:

По неколкумесечно примирје на Филипините, изминатата ноќ припадниците на левичарското бунтовнички движење НПА од заседа убиле тројца, а раниле 13 војници.

Судирот се случил во провинцијата Калинга на островот Лузон. Герилците на НПА поставиле мини со кои бил запрен конвојот камиони што пренесувал војници и од заседа ги нападнале војниците. Припадниците на армијата возвратиле на огнот и се верува дека при повлекувањето биле ранети и неколку герилци.

Левичарското бунтовничко движење Нова народна армија (НПА) над пет децении води гериласка борба против властите во Манила. Од лани беа обновени преговорите за траен прекин на непријателствата, но поради апсење на тројца лидери на НПА, во јануари годинава, преговорите беа прекинати. Судирите со армијата, како овој последниов, ретко се случуваа.

Се претпоставува дека НПА во северните и централните острови на филипинскиот архипелаг има околу 4.000 борци под оружје.

Филипините, најчесто индиректно, ги обвинуваат Кина и Холандија за финансиска и логистичка поддршка на левичарските бунтовници, кои имаат и нескриена поддршка и во круговите на влијателната Католичка црква на Филипините.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски