Во тек обнова на Железничката станица во Прилеп

Од:

Прилеп ќе добие современ транспортен центар со обновата на Железничката станица и нејзиното поврзување со новата Автобуска што беше пуштена во употреба пред една година, изјави градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристевски.

Реконструкцијата на прилепската Железничка станица е дел од проектот за обнова на 10 вакви објекти во Македонија долж железничкиот дел од Коридорот 10 и кракот 10 Д.

– Со реализацијата на овој проект Железничката станица ќе стане подостапна за сите граѓани кои користат железнички сообраќај, изјави Ристевски.

Покрј во Прилеп комплетно нов изглед треба да добијат и железничките станици во Велес, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар.  Инвестицијата изнесува  2,2 милиони евра.

Проектот е на Министерството за транспорт и врски и опфаќа целосна реконструкција на сите главни елементи на станиците. Според најавите, целосно ќе бидат заменети крововите и подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети. Комплетно ќе се смени водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, ќе се постават системи за греење и ладење, за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт. Ќе се подобри и пристапноста за лицата со намалена подвижност.

Во тек се активности за обнова и на Железничката станица во Скопје, за што инвестицијата е 2,9 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница