Македонските кошаркари без победа ја завршија групната фаза на ЕП во Австрија

Од:

Во последното 5 коло од групата Д на Европското првенство за играчи до 18 години во Австрија, дивизија Б, македонската репрезентација го загуби и петтиот натпревар и во продолжението на шампионатот ќе разигрува за пласман од 17 до 24 место.

Македонија вчеравечер беше поразена од домаќинот Австрија со 82:67 (19:15; 18:20; 18:15 и 27:17).

По израмнетите три четвртини избраниците на селекторот Саша Димитријевиќ „паднаа“ во последните десет минути во кои прими дури 27 кошеви, што на крајот резултираше со уште еден, петти по ред пораз на првенството.

Македонскиот национален тим со низа од пет порази ја завршува првата фаза на ЕП како последно пласирана селекција во групата Д, позиција која во продолжението на првенството води во разигрување за пласман од 17 – 24 место.

Најефикасни во македонскиот состав беа Дамјан Робев со 17 и Ненад Димитријевиќ со 14 кошеви.

Денеска на ЕП дивизија Б во Австрија е првиот слободен ден.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос