Полицијата казни 50 пијани возачи во Куманово

Од:

Од 259 контролирани возачи во зајакнатата акциска контрола што ја спроведе СВР Куманово во деновите од викендот, констатирани се 80 прекршоци на законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за возила.

Според СВР Куманово, „загрижувачки е податокот дека најголем број прекршоци, во 50 случаи, се констратирани за управување возило под дејство на алкохол“.

Осум прекршоци, според денешното соопштение од СВР Куманово, се за управување возило пред стекнување право за управување со моторно возило. Регистрирани се и 22 останати прекршоци од кои 9 се за нерегистрирани возила, пет прекршоци за возач почетник…

Во интерес на безбедноста на учесниците во сообраќајот и на граѓаните СВР Куманово апелира да не се управува возило под дејство на алкохол и да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници