Талибанци зазедоа на север во Авганистан полициска станица откако им се предале повеќе од 100 локални полицајци. Тоа е тежок удар за авганистанските власти кои од лани во декември се без поддршка од НАТО силите кои ја напуштија таа држава.
– Повеќе од 100 полицајци три дена се бореле од база против талибанци и имале доволно оружје и муниција да се борат уште три месеци. Но, тие по преговори со талибанците се предале, а сето оружје и опрема е во раце на бунтовниците, изјави управник на полицијата.
Заменик гувернерот на провинцијата Бадакшан во која се наоѓа таа полициска база изјави дека предавањето на базата е „чин на големо предавство за што ќе биде извршена истрага“. Според талибанците, полицајците се пуштени на слобода под услов да не им се придружат повторно на државните сили.