Тачи: Се ракувавме со Дачиќ

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјави дека тој и премиерот на Србија, Ивица Дачиќ на почетокот на средбата во Брисел се ракувале.

„Како што е вообичаено според европскиот протокол, ние се ракувавме. Тоа не беше прв пат претставници на Косово и Србија да се ракуваат. Тоа се случи во 1998-1999-та година, тоа се случи и денеска“, изјави Тачи за приштинската телевизија Kohavision.

На прашањето, како се чувствувал во текот на средбата, Тачи рече дека лидерите мораат да бидат над личните чувства и за нив во прв план треба да биде интересот на државата, во конкретниот случај интересот на Косово.

На изјавата на српскиот премиер, дека Косово колку му припаѓа на едниот, толку му припаѓа и на другиот, Тачи одговори – „бидејќи Дачиќ е роден во Призрен има право на двојно државјанство и со задоволство би му го овозможил“.

Косово им припаѓа на граѓаните на Косово, и ниту Србија, ниту Косово не се сопственост на Дачиќ или Тадиќ, туку припаѓаат на граѓаните, рече косовскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ