Нов пораз за македонските кошаркари на ЕП во Австрија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години забележа уште еден пораз на Европското првенство  во Австрија. Во 4 коло од групата-Д нашата јуниорска селекција вчеравечер е совладана од Израел со 94:63.

Македонија само во првите десет минути беше рамноправен противник, а во продолжението се беше во знакот на Израел.

Во отсуство на најдобриот стрелец Ненад Димитријевиќ најефикасни кошаркари во македонскиот состав беа Робев и Србиновски со 19 односно 15 кошеви.

Со низа од четири порази, Македонија е на дното на табелата во групата Д.

Денеска „црвено-жолтите“ со мечот против домаќинот на шампионатот Австрија ја завршуваат првата фаза и најверојатно во продолжението од првенството како последно пласирана селекција во групата ќе разигруваат за пласман од 17 до 24.место.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос