Трет пораз за македонските кошаркари на ЕП во Австрија

Од:

Продолжува низата порази на македонската репрезентација за кошаркари до 18 години на ЕП во Австрија дивизија Б. По убедливите порази од Данска и од Исланд, во 3.коло во Д-групата, македонските јуниори загубија и од врсниците на Ирска со 74:71.

Избраниците на селекторот Саша Димитријевиќ лошо го отворија натпреварот и по првите десет минути од средбата имаа негатива од 19 поени (12:31). Следуваа две добри четвртини за „црвено-жолтите“ (19:10 и 27:14), но повторно паднаа во ритамот и последниот период го загубија со 13:19 за конечна победа на Ирците.

Најистакнати кошаркари во нашиот состав беа бековите Ненад Димитријевиќ со 32 поени и Виктор Ефремовски со 19 постигнати кошеви.

Со денешниот пораз македонската селекција ги загуби и теоретските шанси за пласман во четврфиналната фаза. Следен противник е Израел.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос