Амандманската расправа за ребалансот на Буџетот продолжува утре

Од:

Амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2015 собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе ја продолжи утре во 10 часот.

Второто продолжение на расправата Комисијата ја одржа вчера.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, причина за ребалансот на Буџетот за 2015 година се остварените повисоки приходи кои со ребалансот се преточуваат на расходната страна за политики, мерки, активности и проекти кои беа најавени.

Појасни дека нема да има кратење кај ниту еден буџетски корисник, туку со ребалансот ќе се интензивира реализацијата на повеќе проекти, меѓу кои гасификацијата, изградбата на водоводи и канализации, изградба и реконструкции на училишта и слично.

Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат и дополнителни средства за мерките и политиките во делот на социјалната заштита на населението, особено за ранливите категории.

Очекувањата се дека предвидените проекции во ребалансот да ја одиграаат својата улога и да обезбеди развојна компонента и да ги заштита сите социјални категории.

Според деловникот на Собранието, расправата во ова матично тело треба да заврши за 10 работни денови, по што ќе биде проследен на пленарна седница.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието

Усвоен Ребалансот на Буџетот за 2025 – Димитриеска-Кочоска: Секоја ставка во ребалансот има цел

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Неразвоен Буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Бербок потрошила 20.849 евра за шминка за три месеци, а Шолц 13.015 евра за четки за пудра