Спасовски со камперите во Маврово и Ростуше: Успехот е достижен

Од:

Во реканскиот крај, во организација на Општинската организација на СДСМ Маврово и Ростуше и присуство на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски се реализира еднодневна средба и дружење со граѓаните кои 60 дена кампуваа пред Владата на Р.Македонија.

Целта е дружење и продолжување на стекнатите пријателства како и симболична благодарност за луѓето кои со свoето неуморно присуство пред Владата под секакви временски и други околности, помогнаа да се сврти вниманието на домашната и меѓународната јавност со каков режим има проблем Република Македонија.

oliv (1)

Генералниот секретар Спасовски во име на претседателот Заев и во свое име изрази почит на камперите за нивната истрајност што резултираше со договор за оставка на Никола Груевски и формирање на преодна влада.

-Вашата упорност и истрајност да се постигне решение за кризата и оставка од Груевски помогна при преговорите. Бевте ветар во грбот и до сега и за понатаму, за партијата, но најважно за државата, затоа што се покажа дека кога сме единствени и одлучни, целта е достижна. Но битката не е завршена, ова е само дел од неа. Најголемата битка е нормализација на Македонија и враќање на демократските процеси во државата. Со посветена реализација на зацртаните политики и вклучување на секој од нас, успехот е достижен, рече генералниот секретар Спасовски.

oliv (4)

По прошетката кај Ростушки мост и Елен скок и посетата на водопадот Дуф, следува посета на Бигорски манастир во 14 часот.

На денешното дружење добредојдени се сите граѓани кои ќе имаат можност да останат во импровизираниот камп и по предвидената дневна агенда, којашто завршува со заеднички ручек покрај реката Радика во 15 часот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски