Партиските активисти од владината коалиција и нивните симпатизери кои два месеци кампираа во струмичкит парк во центарот на градот конечно си заминаа дома.
Тие тивко, вчера го растуриле кампот и си заминале.
Во изминатите неколку дена, за заробениот парк се жалеа и струмичките пензионери кои тврдеа дека не можат да одморат во ладовина од шаторите кои беа распостелени во паркот.