Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави денеска дека Владата побарала од пратениците да не заминуваат на годишен одмор додека не се усвојат амандманите со кои ќе се овозможи формирање на Специјален суд за воени злосторства на поранешна Ослободителна војска на Косово (ОВК).
Мустафа не прецизираше кога амандманите на Уставот на Косово повторно ќе бидат ставени на дневен ред во Парламентот.
Тој истакна и дека нема суспендирање на договорот за полиси за осигурување со Србија, туку дека „Србија не го спроведува договорот“.
– Ќе продолжиме со дијалогот, но ќе инсистираме договорите кои се постигнуваат да се спроведуваат, нагласи косовскиот премиер.