Набљудувачи на Органзиацијата за европска безбедност и соработка во источна Украина соопштија дека демонстранти во Доњецк оштетиле 30 нивни возила.
Руски електронски медиуми објавија инсерти од десетици демонстранти пред хотелот каде се сместени набљудувачите. Дел од нив млади луѓе со очила за сонце, со спреј офарбале возила на ОБСЕ и на Црвениот крст додека биле на паркинг.
Заменикот шеф на ОБСЕ за надзор во Украина, Александар Хуг, изјави дека 30 возила се оштетени со спреј и се привремено неупотребливи поради што на инспекторите им е отежната работата.
Во вооружениот судир на исток во Украина меѓу сепаратистите и украинските сили загинаа повеќе од 6.000 луѓе од април 2014 година.