(ВИДЕО) Цивил: Избирачки список од нула, партиите да излезат од ДИК

Од:

Невладината Цивил го почна проектот „Слободни избори за слободни граѓани“ кој потекнува од потребата за подготовка на слободни избори во демократка атмосфера, со почитување на човековите права и пред се на слободната волја на граѓаните.

Точно 9 месеци пред 24 април 2016 кога треба да се одржат предвремените парламентарни избори Цивил во овој проект влегува со неколку препораки:

– Целосно да се спроведе договорот од 2 јуни, кога велиме целосно спроведување на договорот, мислиме и на протоколот што потоа следеше, како и извештајот на Прибе, препораките на ОБСЕ и ОДИХР и нашите препораки во изминитите години и бараме целосно да се спроведат, а не во манир на третирање како тоалетна хартија. Бараме сериозно спроведување на овие препораки затоа што тоа претпоставува дека оваа наша земја ќе опстане, рече Џабир Дерала, претседател на Цивил.

Дел од препораките на Цивил за создавање на вистински услови за избори е и истрага за безбедносната криза во Куманово, иако овој безбедносен инцидент не е спомнат во договорот од 2 јуни. Без оглед дали ќе биде усвоена оваа препорака, активистите самите ќе собираат материјал кој се однесува на безбедносната криза во Куманово.

– Сметаме дека избирачкиот список треба да биде направен од нула, буквално од почеток создавање на избирачкиот список за да се избегнат сите можни манипулации кои ќе го следат овој процес. Избирачкиот список е во очајна состојба како што докажавме минатата година, кога откривме огормен број фантомски гласачи, видовме како се спороведува операцијата Пустец и низа слични операции кои го опструираат избирачкиот процес. За да се спречи тоа мора да се направат промени во законите, особено во законот за регистрација на живеалиште и престојувалиште. Треба и особено да се внимава никој да не биде изоставен од избирачкиот список, рече Дерала.

Цивил бара итна реформа на Државната изборна комисија

– ДИК во која поличките партии го имаат главниот збор е неприфатливо за овој процес. Сметаме дека таа треба да биде составена исклучиво од експерти, но доколку за тоа не постои слух, тогаш таа мора да биде проширена со експерти.

Според Цивил општинските изборни комисии кои се составени од службеници на јавната администрација која власта ја користи како свој верен клиент, мора да претрпат сериозни реформи.

– Општинските изборни комисии се многу проблематични, дел од нив учествуваа во манипулација со гласачките материјали, се ангажираат во барање на пластични врвци за вреќите во кои се чува избирачкиот материјал и низа други работи, вели Дерала.

Цивил бара учество на граѓанското оптество во општинските изборни комисии, но и во сферата на медиумите

– Недоволно е МРТВ да биде под контрола на опозицијата, Агенцијата за медиуми мора да биде ставена под контрола на граѓанското општество, рече Дерала.

Овие препораки Цивил ќе ги достави до сите надлежни институции во земјата и во странство а веќе го информирала и ОБСЕ на состанокот пред неколку дена со политичките партии.

Синиша Станковиќ рече дека се работи за амбициозен и обемен проект, но дека граѓаните на Македонија немаат друг избор.

– Нашата амбиција е преку слободни избори да се вратиме на еснафскиот начин на живот, на соживотот, на она што постоеше пред девет години. Имаме уште малку време и имаме шанса да ја вратиме земјата пак да биде успешна приказна како што беше, а не како сега кога е грда шега. Во тоа голема улога имаат медиумите кои конечно ќе се ослободат, некои од нив ќе пропаднат, некои газдите ќе ги затворат, тоа е придоден процес но, ќе се ослободат. Мислам дека Македонија и вака девастирана може да организира подобри избори од досегашниве.

Проектот на Цивил за слободни избори ќе трае 12 месеци и е поддржан од Министерството за надворешни работи на Германија.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар